Заменик портпаролот на Пентагон, Сабрина Синг, изјави дека САД не се во војна со Русија но во исто време потенцираше дека Русија е одговорна за ескалацијата на ситуацијата во врска со Украина и дека директното учество на западните земји во украинскиот конфликт ќе ја промени неговата суштина, а, Русија ќе биде принудена да носи одлуки врз основа на заканите што и се создадени.
Во вторникот беше објавен указот на рускиот претседател Владимир Путин „За одобрување на основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“. Во документот се наведува условот за утврдување на можноста Русија да користи нуклеарно оружје, вклучувајќи крстосувачки ракети и беспилотни летала и нивно преминување на руската граница.
Според извори на Њујорк тајмс, американскиот претседател Џо Бајден ја одобрил Украина употребата на американски ракети со долг дострел за удар на руска територија. Украинските медиуми пишуваат дека украинските вооружени сили извршиле напад со балистичка ракета АТАКМС на руска територија, но Генералштабот на вооружените сили на Украина не ја потврди оваа информација.
Прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков посочи дека рускиот претседател јасно го формулирал ставот на Москва во однос на одлуките за удари со оружје со долг дострел на територијата на Руската Федерација.