Свет Пакет

Пентагон подготвен да испрати милијарда долари воена помош за Украина откако законот ќе помине во Сенатот

Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.

Пентагон подготвен да испрати милијарда долари воена помош за Украина откако законот ќе помине во Сенатот

Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија денеска неколку американски претставници, додека Горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за средства за Украина и другите сојузници на САД, што е веќе усвоен во Долниот дом.

Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.

Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.

Пакетот вклучува и разновидна муниција, како и оклопни возила и друго оружје.

Американските власти рекоа дека некои оружја ќе бидат доставени на бојното поле многу брзо, можеби дури и во рок од неколку дена, но дека за некои работи „може да потрае малку подолго“.  (МИА)

To top