Свет плоштадот „Свети Петар“

Папата Лав Четиринаесетти го повтори својот апел за мир по нападите врз Иран

Да го продолжиме нашето патување за време на Велигденскиот пост во духот на покајание и преобраќање, барајќи Божја милост и мир за себе и за целиот свет“, рече папата.

Папата Лав Четиринаесетти го повтори својот апел за мир по нападите врз Иран

Папата Лав Четиринаесетти апелираше за мир на општата аудиенција што се одржа денеска на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, по нападите на САД и Израел врз Иран и иранската одмазда што отвори нов конфликт на Блискиот Исток.

„Да го продолжиме нашето патување за време на Велигденскиот пост во духот на покајание и преобраќање, барајќи Божја милост и мир за себе и за целиот свет“, рече папата, пренесува италијанската новинска аегнција АНСА.

САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, откако на преговорите за иранската нуклеарна програма не е постигнат договор, што го натера Иран да возврати со воздушни напади врз Израел и соседните земји, велејќи дека тие станале цели поради американското присуство и воените бази. (МИА)

To top