Папата Франциск, по повод 27 јануари- Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот, повторно апелираше за крај на сите војни.
– Сеќавањето и осудувањето на тоа страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда. Не треба да се замориме од молитвите за мир, да престанат судирите, да замолкне оружјето и исцрпеното население да здивне, истакна поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата ги посочи израелско-палестински конфликт и бомбардирањето на цивилите во „маченичка Украина“.
Тој повтори дека „војната е секогаш пораз во која единствените победници се производителите на оружје“.