Свет

Папата Франциск во Индонезија повика на будност во однос на верскиот екстремизам

Папата Франциск во Индонезија повика на будност во однос на верскиот екстремизам

Папата Франциск денеска ги повика политичките лидери во Индонезија, најнаселената земја со муслиманско мнозинство, да бидат внимателни против верскиот екстремизам, кој, како што рече, „ги искривува верските убедувања на луѓето преку измама и насилство“.

Светиот Отец го упати овој апел во својот прв говор на неговата 12-дневна турнеја низ Југоисточна Азија, каде што христијаните се малцинство.

Папата рече дека Католичката црква ќе вложи дополнителни напори за дијалог меѓу различните религии со цел борба против екстремизмот.

„На овој начин може да се елиминираат предрасудите и да се создаде клима на меѓусебно почитување и доверба“, им порача 87-годишниот папа на околу 300 политичари и верски лидери собрани во претседателската палата Мердека во Џакарта.

„Ова е од витално значење за решавање на заедничките предизвици, вклучително и борбата против екстремизмот и нетолеранцијата, кои, преку искривување на религијата, се обидуваат да ги наметнат своите ставови користејќи измама и насилство“, рече папата Франциск.

Индонезија има население од околу 280 милиони луѓе, од кои 87 отсто се муслимани.

Во последните години во Индонезија имаше манифестации на неекстремизам. Меѓу нив се и нападите од бомбаши самоубијци во 2021 и 2022 година. Нападот во 2021 година се случи непосредно пред Велигден и во него беа ранети  најмалку 19 лица.

To top