Папата Франциск денеска повика на молитви за жртвите од големите поплави во Казахстан, кои зафатија многу региони на оваа централноазиска земја и принудија илјадници луѓе да се евакуираат.
За време на општата аудиенција тој побара молитви за оние кои „страдаат од конфликтот во Светата земја, Украина и Мјанмар“.
„Сакам да ја пренесам мојата духовна блискост на луѓето во Казахстан во овој момент. Ги повикувам сите да се помолат за сите што ги трпат последиците од оваа природна катастрофа“, истакна папата Франциск, пренесува „Ватикан Њуз“. (МИА)