Свет ватикан

Папата Франциск се појави пред верниците после повеќе недели минати во болница

Папата Франциск , кој повеќе од пет недели беше во болница поради билатерална пневмонија, ги поздрави верниците од прозорецот на болницата, јавува Би-Би-Си. Тој се врати во Ватикан денеска.

88-годишниот Папа беше многу среќен по враќањето.

„Откако ќе се врати во Ватикан, ќе треба да закрепнува најмалку два месеци, вели докторот Серџио Алфиери кој го лекуваше Папата.

„Болницата, иако се чини чудно, но најлошото место за опоравување затоа што тоа е место каде што се добиваат најмногу инфекции“, рече тој.

Состојбата на Папата се подобрува веќе две недели, но според лекарите изгубил на тежина, нешто што било очекувано.

Откако неколку недели мина на респиратор, поглаварот мора да продолжи со својата рехабилитациска сесија за да го користи повторно својот глас.

To top