Папата Франциск денеска изјави дека се надева дека самитот на ОН за климата ефективно ќе придонесе за зачувување на планетата и изрази поддршка за земјите погодени од војна и катастрофи.
– Се надевам дека Конференцијата за климатски промени ЦОП29 ќе даде ефикасен придонес во заштитата на нашиот заеднички дом, рече папата на неделната молитва Angelus.
Од утре до 22 ноември во Баку ќе се одржи самитот на ОН за клима ЦОП29.