Свет

Папа Лав Четиринаесетти: Спортот е важен за човештвото, почитувајте го олимпиското примирје

Папа Лав Четиринаесетти: Спортот е важен за човештвото, почитувајте го олимпиското примирје

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, го повтори својот апел за почитување на олимпиското примирје за време на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина во својата порака за вредноста на спортот објавена денеска на денот на церемонијата на отворањето.

– Во светот жеден за мир – вели папата – потребни ни се алатки што може да стават „крај на злоупотребата на моќ, покажувањето сила и рамнодушност кон владеењето на правото“.

„По повод претстојните Зимски олимписки и Параолимписки игри, од срце ги охрабрувам сите нации повторно да го откријат и почитуваат овој инструмент на надежта, а тоа е олимпиското примирје, симболот и ветувањето за помирен свет“, се наведува во пораката со наслов „Живот во изобилство“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Папата во пораката наведува дека размислува за начините на кои спортот го поттикнува човечкото братство и им помага на поединците да се стремат кон она што е добро и свето.

To top