Министерот за надворешни работи на палестинската самоуправа, Ријад ал Малики соопшти дека верува оти Хамас разбира зошто не треба да биде дел од новата влада на палестинските територии.
-Малики на прес-конференција рече дека е потребна технократска влада, без милитантна група која води војна против Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.
Министерот истакна дека сега не е време за национална коалициска влада, бидејќи владата во која е и Хамас ќе биде бојкотирана од многу земји, како што се случи претходно.
„Не сакаме да бидеме во таква ситуација. Сакаме да бидеме прифатени и целосно да се ангажираме со меѓународната заедница“, заклучи Малики. (МИА)