Според извештаите, извршена е вкупно 5.851 таква процедура, што е за девет отсто повеќе во однос на 2022 година.
Шпанија е глобален лидер во трансплантација на органи повеќе од три децении, а меѓу причините за тоа се постоењето на координатори за трансплантација во болниците и напредокот постигнат на полето на донирање органи.
Во исто време, Шпанија има најголем број донатори на органи во светот со стапка од 48,9 донатори на милион луѓе, според Министерството за здравство.