Израелската војска денеска соопшти дека открила „едно од најголемите тајни складишта за оружје“ во Појасот Газа. Се наоѓа во близина на болница и училиште во северниот дел на палестинската територија, јави ДПА.
Според соопштението, во складиштето биле пронајдени стотици парчиња противтенковски гранати, десетици противтенковски проектили и експлозивни направи, проектили со долг дострел, десетици гранати и беспилотни летала. Тоа е „едно од најголемите тајни складишта за оружје“ откриени од израелската армија во Појасот Газа.
Дел од оружјето е уништено на самото место, додека други се уште се испитуваат од страна на израелската војска.
Портпаролот на израелската армија беше цитиран во соопштението дека „целата оваа инфраструктура поврзана со тероризмот се наоѓа во непосредна близина на станбени згради во срцето на територијата населена со цивили“. „Ова е уште еден доказ за циничното користење на цивилите во Појасот Газа како жив штит од страна на терористичката организација Хамас“, нагласи тој.