Свет Вклучувајќи ги Франција и Велика Британија

Остин: Ќе се формира коалиција од десет земји за да се спротивстави на нападите на јеменските Хути

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин објави формирање коалиција во Црвеното Море со цел да се спротивстави на „неодговорните напади“ на јеменските бунтовници Хути врз поморскиот сообраќај, составена од 10 земји, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија.

„Неодамнешната ескалација на безобѕирните напади од страна на јеменските Хути го загрозува слободниот проток на трговија, ги загрозува животите на невините морнари и го крши меѓународното право“, рече Остин.

To top