Свет

Осомничениот за обидот за убиство на Трамп пред федералниот суд на Флорида

Американецот Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен за безбедносен инцидент на Флорида што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, влегол во федералната судница во Вест Палм Бич на Флорида, објави Си-Ен-Ен.

„Њујорк пост“ претходно објави дека Раут, кој е од Северна Каролина, често објавувал политички коментари на социјалните мрежи, а во април на мрежата Икс напишал дека „демократијата е на гласање“ оваа година. „Не можеме да загубиме“, напиша тој, повторувајќи ја реториката против Трамп.

Во врска со Трамп, тој наведува дека го разочарал како претседател и дека „сака Американците да ги направи робови“. „Не можеме да си дозволиме да губиме. Светот смета на нас да му го покажеме патот“, е една од пораките што Раут ги објави на социјалните мрежи. Од 2019 година, Раут донирал пари на демократските кандидати 19 пати.

На социјалните мрежи тој силно ја поддржува Украина во војната против Русија и Тајван во нејзините тензични односи со Пекинг, наведува весникот. „Њујорк пост“ додава дека Раут сакал да се бори на фронтот со украинските сили и дека ја промовирал идејата за мобилизирање поранешни авганистански борци за војната на страна на Украинците.

Раут беше уапсен во неделата набргу откако побегнал кога агентите на тајната служба отвориле оган врз него затоа што вперил полуавтоматска пушка кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Вест Палм Бич, на Флорида, додека играл голф. Републиканскиот претседателски кандидат не е повреден и е безбеден, соопшти полицијата, а ФБИ го истражува инцидентот како обид за убиство.

To top