Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми.
Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник Хаарец и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска.
– Преговорите за ослободување на нашите заложници постојано напредуваат. Ослободувањето ќе почне според првичниот договор меѓу страните и не пред петок, ја цитира Хаарец изјавата на Ханегби.
Точните причини за одложувањето засега се нејасни. Според извештаите, дискусиите за точните услови на прекинот на огнот најверојатно сè уште не се финализирани.