Свет

Ослободени сите 287 киднапирани ученици во Нигерија по две недели заробеништво

Ослободени се сите 287 ученици кои на почетокот на март беа киднапирани од вооружени напаѓачи во напад врз нивното училиште во северозападна Нигерија, јавија денеска локалните власти.

Ослободени сите 287 киднапирани ученици во Нигерија по две недели заробеништво

Уба Сани, гувернерот на државата Кадуна, каде што на 7 март се случи масовното киднапирање, не објави детали за ослободувањето на децата, но му се заблагодари на претседателот на Нигерија, Бола Тинубу, „што се погрижил киднапираните ученици да бидат вратени неповредени“.

Претходно, претседателот Тинубу вети дека ќе ги спаси децата „без да го плати откупот“.

Тинубу дојде на власт во 2023 година, ветувајќи дека ќе се справи со „несигурноста“ предизвикана од екстремистичките групи и бандити на североисток и порастот на меѓуетничкото насилство во централните нигериски држави.

Во последните години, криминалните банди постојано ги напаѓаа училиштата, главно во руралните области во северозападна Нигерија.

To top