Свет изјава

Орбан: Украина нема шанса да победи, а веќе потрошивме 185 милијарди евра и ќе трошиме уште повеќе

Украина „нема шанси“ да добие војна против Русија, а продолжувањето на финансиската помош од Европската Унија е „едноставно лудило“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за медиумската група „Аксел Спрингер“, која е сопственост на „Политико“.

Коментарите на Орбан доаѓаат во време кога надежите за прекин на огнот бледнеат, а Европа се соочува со растечки притисок да обезбеди стабилно финансирање за Киев пред следната буџетска година. Тој рече дека помошта за Украина „ја убива ЕУ економски и финансиски“, објави Политико.

Унгарскиот премиер претходно го блокираше продолжувањето на европските санкции против Русија и ги забави пакетите помош за Украина, додека Будимпешта истовремено лобира за исклучоци од американските енергетски ограничувања.

„Веќе потрошивме 185 милијарди евра, а намерата е да потрошиме уште повеќе. Значи, финансираме земја која нема шанси да ја добие војната“, рече тој.

To top