Свет изјава

Орбан ја спореди војната во Украина со миграциите: Кога еднаш ќе влезете, нема излегување

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина мора веднаш да престане, тврдејќи дека европските лидери се „заробени во бесконечен конфликт“.

Во објава на социјалната мрежа Икс тој ја спореди војната со миграциите, наведувајќи: „Кога еднаш че влезете, нема излегување“, пренесува Анадолија.

Орбан тврди дека секоја недела во конфликтот во Украина умираат околу 9.000 луѓе и дека Европа во следните две години ќе потроши околу 90 милијарди евра. Според него, со тие пари не се финансира ништо повеќе од 800.000 мртви или трајно осакатени. Тоа мора веднаш да престане“, заклучи тој.

Унгарија долго време се спротивставува на политиката на ЕУ кон Украина, честопати блокирајќи или забавувајќи ги заедничките пакети за финансиска помош и санкциите против Русија. Владата во Будимпешта одржува значително поблиски односи со Москва отколку повеќето други членки на ЕУ, особено во енергетскиот и политичкиот дијалог, што редовно предизвикува тензии во односите со Брисел.

To top