Во Непал денеска се одржуваат општи избори, а влада прогласи тридневен државен празник поради безбедносни причини и логистички предизвици.
Тоа се први избори по минатогодишните протести предводени од Генерацијата Зет, на кои се бараше одговорност, работни места и искорнување на корупцијата.
Од 136 партии регистрирани во Изборната комисија, само 65 учествуваат на изборите.
Според аналитичарите партијата Растрија Сватантра (РСП) би можела да освои најголем број гласови. Се очекува етаблираните партии, вклучувајќи ги Непалскиот конгрес, Комунистичката партија на Непал, Комунистичката партија на Непал и ројалистичката партија Растрија Праџатантра, да освојат многу гласови.
Професорот по политички науки на Универзитетот Трибхуван во Катманду, Гехендра Лал Мала изјави дека отсуството на предизборни коалиции би можело да ѝ отежни на која било поединечна партија да обезбеди мнозинство.