Свет

ОН скрати помош за милиони луѓе поради недостиг на средства

Оригиналната цел за 2024 година беше прибирање 44 милијарди долари, но таа сума е намалена на 29 милијарди – од кои досега се собрани само 5,6 милијарди. Со овие средства ќе може да се помогне на околу 114 милиони луѓе, наместо првично планираните 180 милиони

ОН скрати помош за милиони луѓе поради недостиг на средства

Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања при Обединетите нации денеска соопшти дека е принудена да ја откаже планираната помош за милиони луѓе поради сериозен недостиг на средства, нарекувајќи го потегот „брутален“.

– Никогаш досега не сме се соочиле со толку нагло намалување на финансирањето за хуманитарна помош, изјави заменик-генералниот секретар на ОН Том Флечер.

Оригиналната цел за 2024 година беше прибирање 44 милијарди долари, но таа сума е намалена на 29 милијарди – од кои досега се собрани само 5,6 милијарди. Со овие средства ќе може да се помогне на околу 114 милиони луѓе, наместо првично планираните 180 милиони, предупреди Канцеларијата..

– Бруталните кратења на буџетот нè оставија со брутален избор – кого да спасиме. Но, ќе сториме сè што можеме со ресурсите што ги имам, истакна Флечер.

ОН не наведе за кои држави ги скратиле буџетите, но потврди дека ќе се обиде да ја продолжи поддршката за најранливите, каде и да се наоѓаат. Флечер повика меѓународната заедница да покаже солидарност. – Бараме само 1 отсто од она што минатата година се потроши на војни, потенцираше заменик-генералниот секретар на ОН Том Флечер.

To top