Агенцијата при Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) осоопшти дека 132 нејзини вработени се убиени во Појасот Газа, кој е под израелски напади од 7 октомври, јавува Анадолија.
УНРВА соопшти дека на 4 декември, две нивни училишта во северниот дел на Газа, каде што биле сместени раселените Палестинци од Беит Лахија и градот Газа, биле директно погодени, како и две училишта во Дејр ел Белах и Нусајрат.
Тие изјавија дека од 7 октомври досега се убиени 132 вработени во УНРВА. Само на 5 декември загинаа двајца нивни вработени.
Тие велат дека 1,9 милиони Палестинци, што е еквивалентно на 85 отсто од населението во Појасот Газа, се раселени, а од 5 декември, 1,2 милиони раселени Палестинци се засолниле во 155 објекти на УНРВА низ Газа.
Во соопштението се наведува дека еден милион раселени жители на Газа се сместени во 98 објекти на УНРВА во централниот дел на Појасот Газа и во Кан Јунис и Рафа на југ.
Израел ја продолжи својата воена офанзива на Појасот Газа на 1 декември, откако стави крај на еднонеделната хуманитарна пауза во конфликтот со палестинската милитантна група Хамас.
Смртниот биланс од израелските воздушни и копнени напади во Газа надмина 17 илјади, додека повеќе од 43.000 се ранети.