Свет

Околу 42.000 луѓе се водат како исчезнати во Украина

Околу 42.000 луѓе се водат како исчезнати во Украина

Околу 42.000 луѓе во моментов се водат за исчезнати во Украина, изјави денеска официјален претставник на Министерството за внатрешни работи. Во таа бројка се – војници и цивили.

Бројката некогаш изнесуваше 51.000, изјави Дмитро Бохатиук, кој раководи со одделот за исчезнати лица во Министерството. Бројот на исчезнати лица се намали откако беа пронајдени илјадници воени заробеници, рече Бохатиук.

Друг предизвик е идентификација на мртвите пронајдени на бојното поле. Бохатиук рече дека Министерството за одбрана не зема генетски примероци од војниците што ги испраќа на терен.

To top