Свет УНХЦР

Околу 20 мигранти исчезнаа по превртување на брод во Средоземното Море

Седум Сиријци се спасени и пренесени на италијанскиот остров Лампедуза, соопштија италијанските спасувачи.

Околу 20 мигранти исчезнаа по превртување на брод во Средоземното Море

Околу 20 мигранти се водат како исчезнати откако нивниот брод се превртел во Средоземното Море, соопштија Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и италијанските власти.

Седум Сиријци се спасени и пренесени на италијанскиот остров Лампедуза, соопштија италијанските спасувачи.

Крајбрежната стража соопшти дека локалните власти го забележале бродот во неволја на околу 16 километри југоисточно од Лампедуза и оти патролен брод ги спасил преживеаните.

Претставничката на УНХЦР во Италија, Кјара Кардолети, на Х соопшти дека седумтемина преживеани „се во критична состојба и дека многумина ги загубиле своите роднини“.

Преживеаните рекле дека ја напуштиле Либија на 1 септември, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

– Преживеаните рекоа дека во бродот имало 28 лица, меѓу кои и тројца малолетници, се додава.

Поморските единици и авион на крајбрежната стража трагаат по исчезнатите. (МИА)

To top