Свет еу

Околу 1000 луѓе евакуирани од Блискиот Исток со летови поддржани од ЕУ

Со досегаѓните десет евакуациски летови организирани со помош на Европската Унија превезени се околу 1.000 патници од Блискиот Исток назад во Европа, соопшти денеска портпарол на Европската комисија на прес-конференција.

Тој појасни дека Комисијата може да покрие до 75 проценти од трошоците за летови организирани од земја членка на ЕУ, доколку најмалку 30 проценти од местата се наменети за државјани на други европски земји.

Според него, досега 18 држави членки побарале помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита за враќање на нивните граѓани од различни земји на Блискиот Исток.

Портпаролот додаде дека во тек е голема европска операција за репатријација на граѓаните на ЕУ. Детали за организацијата на летовите, рече тој, не можат да се објавуваат од безбедносни причини.

To top