Свет

Одобрен е првиот документ на ОН против кибер криминалот

Земјите-членки на ОН го одобрија првиот документ за борба против кибер-криминалот и покрај жестокото противење на бранителите на човековите права кои предупредија против глобалната алатка за надзор.

Одобрен е првиот документ на ОН против кибер криминалот

Земјите-членки на ОН го одобрија првиот документ за борба против кибер-криминалот и покрај жестокото противење на бранителите на човековите права кои предупредија против глобалната алатка за надзор.

По тригодишни преговори и конечно двонеделна сесија во Њујорк, „Конвенцијата на ОН против компјутерскиот криминал“ беше одобрена со консензус и треба да биде поднесена до Генералното собрание на светската организација за формално усвојување.

Новата конвенција, која би можела да стапи на сила откако ќе биде ратификувана од 40 земји, има за цел „поефикасна борба против кибер криминалот“ и зајакнување на меѓународната соработка во оваа област, особено поврзана со борба против детска порнографија или перење пари.

Но, противниците на документот, необичен сојуз меѓу застапниците за човекови права и големите технолошки компании, го осудија неговиот премногу широк опсег, за кој велат дека ќе го претвори во глобален договор за „надзор“.

Усвоениот текст предвидува дека државата може, со цел да се истражи секое дело казниво со најмалку четири години затвор според нејзиното национално законодавство, да побара од властите на друга држава електронски докази во врска со тоа дело, а исто така да бара податоци од онлајн добавувачот.

Застапниците за човекови права особено стравуваат дека текстот ќе биде користен од земји кои ја криминализираат хомосексуалноста или од влади кои напаѓаат дисиденти или новинари.

„Ги повикуваме државите да се погрижат човековите права да се во срцето на Конвенцијата што треба да се усвои оваа недела“, објави Високиот комесаријат на ОН за човекови права.

Најнови вести од Свет

To top