Порака од претседателот на Собранието на РМ, Африм Гаши, по повод меѓународниот ден за борба против корупција
„На Меѓународниот ден за борба против корупцијата, потсетуваме дека овој ден не е само симбол, туку и сериозен потсетник дека иднината на една држава зависи од нејзината способност да изгради чисти институции, со интегритет и отчетност.
Да не заборавиме дека борбата против корупцијата не се води сама по себе и не се ограничува само на закони. Таа бара култура на интегритет, личен пример, политичка одговорност и општествена свесност. Таа се спречува и се надминува тогаш кога ја одбиваме рамнодушноста.
Затоа, мисијата ни припаѓа на сите, да изградиме држава каде што правдата, транспарентноста и интегритетот не се апстрактни аспирации, туку единствениот начин на функционирање..“