Свет Ужас

Од почетокот на израелските напади врз Појасот Газа загинале приближно 30.000 Палестинци

Според податоци на Обединети нации, поради израелските напади интерно раселени се 85 проценти од населението, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена. 

Од почетокот на израелските напади врз Појасот Газа загинале приближно 30.000 Палестинци

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година до сега се убиени 29.878 Палестинци, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Во соопштението се наведува дека при израелските напади, кои траат 144 дена, повредени се 70.215 луѓе.

Додека во изминатите 24 часа во Појасот Газа загинале 96 лица, а 172 се повредени.

Според податоци на Обединети нации, поради израелските напади интерно раселени се 85 проценти од населението, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top