Од денеска, Вeнеција почнува да наплаќа влез во градот за еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот.
Градското собрание на Венеција во ноември минатата година соопшти дека за 29 дена во 2024 година, поради масовен туризам, ќе применува целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден.
Таксата ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14).
Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти.
-Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму, велат властите.
Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.