Свет Москва

Од Белгород евакуирани околу 5.000 деца

Децата кои остануваат во регионот и живеат во општини блиску до границата, вклучувајќи го и Белгород, главниот град на регионот, ќе имаат онлајн настава, додаде Гладков.

Од Белгород евакуирани околу 5.000 деца

Околу 5.000 деца се евакуирани од руската област Белгород, која граничи со Украина, по неколкунеделното украинско бомбардирање, соопштија денеска властите во таа област.

Регионалните власти минатата недела соопштија дека 9.000 рудари ќе бидат преместени во други региони по серијата прекугранични бомбардирања и напади со дронови во кои загинале повеќе од 10 цивили.

– Вон регионот има 5.000 наши деца. Во Санкт Петербург, Брјанск и Махачкала вчера пристигнаа 1.300 деца, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков.

Децата кои остануваат во регионот и живеат во општини блиску до границата, вклучувајќи го и Белгород, главниот град на регионот, ќе имаат онлајн настава, додаде Гладков.

На бизнисите кои се принудени да затворат поради нападите ќе им биде дозволено повторно да отворат под услов „персоналот да биде обучен за прва помош“ и да се стави селотејп на прозорците, рече гувернерот.

Белгород неколку пати беше цел на напади од почетокот на руската инвазија врз Украина. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top