Свет ЕК

Од 10-ти ноември ќе има електронска пасошка контрола за патниците во Шенген зоната

Овие податоци одат во базите на податоци на ЕУ и ќе важат три години. Во тој период ќе се применува само електронска контрола на влез и излез на патници во и од ЕУ, што значи без печат на пасошите.

Од 10-ти ноември ќе има електронска пасошка контрола за патниците во Шенген зоната

Европската комисија (ЕК) потврди дека од 10 ноември во земјите од „Шенген зоната“ на Европската унија, стапува на сила електронската пасошка контрола на влез и излез за патниците кои не се државјани на Унијата.

Малта и Ирска, како што е наведено, ќе продолжат да одржуваат гранични проверки и печати во пасошите.

Како што објасни претставник на ЕК, целта е значително да се забрза протокот и следењето на патниците од земјите кои не се членки на ЕУ на границите, бидејќи директната проверка на пасошите ќе биде заменета со електронскиот автоматски систем EES.

Официјален претставник на ЕК, исто така, изјави дека на пролет ќе стапи на сила системот ETIAS, што ќе ги обврзе патниците од земјите кои не се членки на ЕУ на кои не им е потребна виза претходно да аплицираат онлајн и да добијат одобрение од ЕУ за тоа патување во „Шенген зоната“.

ЕК претходно најави дека новиот електронски систем EES ќе се применува за патниците со краткорочни визи, како и за оние на кои не им е потребна виза за 90-дневен престој во „Шенген зоната“ на ЕУ.

Последново јасно се однесува на граѓаните на земјите од Западен Балкан, кои можат да останат 90 дена во „Шенген зоната“ на ЕУ во рок од шест месеци.

Новиот систем ќе почне да функционира со пасошка контрола земајќи отпечатоци од прсти и фотографирање на споменатите патници од земји надвор од ЕУ, кога тие ќе пристигнат на „Шенгенската граница на Унијата“ за прв пат од 10 ноември.

Овие податоци одат во базите на податоци на ЕУ и ќе важат три години. Во тој период ќе се применува само електронска контрола на влез и излез на патници во и од ЕУ, што значи без печат на пасошите.

Во информацијата на ЕК се потсетува дека членки на „Шенген зоната“ се ЕУ и Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Беше објаснето и дека системот ЕЕС нема да се применува за граѓаните на ЕУ, државјаните на земји кои не се членки на ЕУ кои имаат лични карти и постојан престој во Унијата, како и оние кои имаат долгорочни визи.

Ова исто така важи и за патниците со пасоши на Андора, Сан Марино, Ватикан и Светата столица. (МИА)

To top