Главниот обвинител во случајот против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Џорџија, Нејтан Вејд, денеска соопшти дека поднел оставка.
Информацијата за неговата оставка дојде само неколку часа откако судијата на округот Фалтон, Скот Мекафи, пресуди дека или Вејд или окружната обвинителка Фани Вилис, која го назначи, мора да поднесат оставка за да продолжи случајот против Трамп, јавија маериканските медиуми.
Адвокатите на поранешниот американски претседател сметаат дека случајот бил компромитиран бидејќи Вилис бил во врска со Вејд во времето кога Трамп бил обвинет.