Американскиот специјален обвинител Џек Смит побара синоќа федералниот случај поврзан со незаконското поседување доверливи документи против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да биде суспендиран, бидејќи има законски ограничувања за гонење на претседателот.
-Барањето на обвинителот за повлекување на жалбата против Доналд Трамп е усвоено“, изјави секретарот на 11-тиот окружен Апелациски суд, јавија американските медиуми.
Одлуката се заснова на долгогодишната политика на американското Министерство за правда што забранува кривично гонење на претседателот.