Свет

Обвинение против двајца млади Швеѓани за експлозијата кај израелската Амбасада во Копенхаген

Двајца млади Швеѓани се обвинети во Данска за поседување пет рачни бомби и активирање на две експлозивни направи во близина на израелската Амбасада во Копенхаген, соопшти данското обвинителство.
обвине

Во експлозиите никој не беше повреден, но зградата е оштетена, соопштија истражителите.

Двете момчиња, на возраст од 16 и 19 години, беа уапсени вчера на централната станица во Копенхаген, додека третото лице, исто така 19-годишник, беше уапсено веднаш по експлозиите и ослободен по сослушувањето.

Судот одби да ги објави имињата на младите и се уште се истражува дали тие дејствувале сами

Полицијата соопшти дека истражува дали самата амбасада била цел на нападот и дека истражува дали обвинетиот дејствувал сам, на барање на друг или заедно.

Данските безбедносни и разузнавачки служби и помагаат на полицијата во истрагата и размислуваат за зголемување на нивото на безбедност околу институциите поврзани со еврејската заедница.

Неколку слични инциденти веќе се случија во соседна Шведска во близина на израелската Амбасада.

Оваа година, најмалку 10 Швеѓани се обвинети во Данска за обид за убиство или поседување оружје. Тоа предизвика тревога и остри критики во општеството во однос на ширењето на организираниот криминал.

Шведските власти потврдија дека полицијата спречила неколку планирани напади во режија на иранските безбедносни служби со помош на локални криминални мрежи.

Иран овие шведски обвинувања ги о цени како „неосновани“.

To top