Свет има и 10 банкарски сметки

Објавена имотната состојба на Путин, вкупниот приход за шест години околу 700.000 евра

Во извештајот се наведува дека претседателот на Русија поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни во Санкт Петербург, како и три автомобили – ГАЗ М21, произведен 1960 година, ГАЗ М21, произведен 1965 година, Нива, произведен во 2009 година, автомобилска приколка „Скиф“, произведена во 1987 година.

Објавена имотната состојба на Путин, вкупниот приход за шест години околу 700.000 евра

Централната изборна комисија на Руската Федерација објави информации за имотот на кандидатот за претседател и актуелен руски лидер Владимир Путин.

Според податоците, вкупниот приход на Путин за шест години изнесувал 67.591.875 рубљи (околу 700.000 евра).

Во извештајот се наведува дека претседателот на Русија поседува стан од 77 метри квадратни и гаража од 18 метри квадратни во Санкт Петербург, како и три автомобили – ГАЗ М21, произведен 1960 година, ГАЗ М21, произведен 1965 година, Нива, произведен во 2009 година, автомобилска приколка „Скиф“, произведена во 1987 година.

Путин има и 10 банкарски сметки со 54.416.604,52 рубљи (околу 550.000 евра) и 230 акции на PJSC Bank Санкт Петербург (номиналната вредност на една акција е 11,81 рубли).

Претседателот на Русија поседува и стан во Москва од 153,7 метри квадратни метри.

To top