Свет сад

„Њујорк тајмс“: САД ќе распоредат втор носач на авиони на Блискиот Исток

Американскиот весник „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, синоќа објави дека САД ќе испратат уште еден носач на авиони на Блискиот Исток.

Според весникот, на Блискиот Исток ќе биде распореден носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, што во моментот е на Карибите.

Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментирале наводите на весникот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред неколку дена изјави дека размислува за испраќање втор носач на авион на Блискиот Исток ако не се постигне договор со Иран за нуклеарната програма на Техеран.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој пред два дена се сретна со Трамп, наведе дека се надева оти американскиот претседател ќе создаде услови за постигнување договор со Иран.

Првиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и неколку бродови разорувачи со наведувачки ракети е распореден на Блискиот Исток во јануари.

To top