Свет во ски-центар

Нова трагедија во Турција: Пожар во хотел без лиценца, има загинати

Нова трагедија во Турција: Пожар во хотел без лиценца, има загинати

Две лица загинаа, а две се повредени кога денеска избувна пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција, соопштија локалните власти.

Трагедијата се случила во ски-центарот Улудаг во провинцијата Бурса, изјави градоначалникот на Бурса Мустафа Бозбеј, пренесе телевизијата НТВ.

Прелиминарните извештаи покажуваат дека во моментот на пожарот во хотелот имало 12 лица.

Хотелот бил затворен и претходно евакуиран поради истекување на дозволата за туристичка дејност, која не била обновена.

Пожарот е ставен под контрола и покрената е истрага, пренесува телевизијата.

Во јануари најмалку 75 луѓе загинаа во пожар во хотелот Гранд во ски-центарот Карталкаја.

To top