Свет

Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација

Нов Зеланд денеска го прогласи палестинското исламистичко движење „Хамас“ за терористичка организација.

Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација

Премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксон рече дека нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври бил брутален и оти Нов Зеланд го осудува.

Досега Нов Зеланд го сметаше само военото крило на Хамас за терористичка организација.

Министерот за надворешни работи Винстон Петерс рече дека Хамас во целост е одговорен за нападот минатиот октомври, што отежнува да се повлече линија помеѓу военото и политичкото крило на организацијата.

На 7 октомври минатата година припадници на терористичката организација Хамас го нападнаа Израел и убија 1.200 луѓе.

Покрај тоа, властите на Нов Зеланд воведоа забрана за влез на израелски доселеници за кои се верува дека биле вклучени во насилството врз Палестинците на Западниот Брег.

To top