Свет

Нов напад врз брод во Оманскиот Залив

Еден брод е погоден од непознат проектил додека се наоѓало во Оманскиот Залив, јужно од Ормускиот Теснец, соопшти доцна синоќа британската организација за поморски трговски операции (УКМТО).

Бродот бил погоден кога се наоѓал на околу 11 наутички милји (20 километри) источно од Кор Факан во Обединетите Арапски Емирати, во близина на јужниот влез на Ормускиот Теснец, наведува агенцијата. Ударот предизвикал пожар на бродот, се додава во соопштението.

Досега не се познати повеќе детали за инцидентот, пренесува ДПА.

Од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, бродовите во Ормускиот Теснец и Оманскиот Залив постојано се цел на проектили.

Заканата од иранските ракети и беспилотни летала речиси целосно го запре комерцијалниот бродски сообраќај во регионот од почетокот на најновите судири.

To top