Свет црвен аларм

Норвешка ја погоди најсилното невреме во последните 30 години

Некои области беа поплавени, а авиокомпаниите и траектите го прекинаа работењето. Некои училишта вчера и денеска се затворени, како и патишта, тунели и мостови.

Норвешка ја погоди најсилното невреме во последните 30 години

Централна Норвешка ја погоди бурата Ингун, најсилна во последните 30 години. Во некои делови дуваа урагански ветрови, до 180 километри на час. Метеоролошката служба го објави највисокиот, црвен аларм.

Портпаролот на полицијата во регионот Троенделаг, Бјорнар Гасвик, изјави за норвешката новинска агенција НТБ дека агенцијата за јавна безбедност примила меѓу 40 и 50 пријави од луѓе погодени од невремето во текот на ноќта и дека денеска се очекуваат повеќе.

Североисточно од Берген, вториот по големина град во Норвешка, автобус со 14 патници излетал од патот, но полицијата соопшти дека нема повредени.

Некои области беа поплавени, а авиокомпаниите и траектите го прекинаа работењето. Некои училишта вчера и денеска се затворени, како и патишта, тунели и мостови.

Надлежните тврдат дека се уште е рано да се процени степенот на материјалната штета.

Во текот на ноќта дуваа и урагански ветрови во Шведска. Шведската метеоролошка агенција издаде црвено предупредување за западниот дел на округот Норботенс, кој граничи со Норвешка.

Невремето ја погоди истата област како и ураганот на новогодишната ноќ 1992 година, што беше една од најсилните бури во историјата на Норвешка, пишува весникот ВГ.

Најнови вести од Свет

To top