Свет

Нетанјаху вети дека ќе ги врати жителите во северен Израел

Нетанјаху вети дека ќе ги врати жителите во северен Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го повтори своето ветување дека ќе ги врати жителите на северен Израел во нивните домови во близина на границата со Либан, откако тие беа евакуирани поради прекугранични напади.

– Веќе реков, ќе ги вратиме жителите на северот безбедно во нивните домови и тоа е токму она што ќе го направиме, рече Нетанјаху во видео изјава.

Израелската Влада вчера официјално го додаде враќањето на тие жители во нивните домови како официјална цел на војната.

Десетици илјади Израелци кои живеат во близина на границата со Либан беа евакуирани од своите домови откако Хезболах почна да го напаѓа тој дел од земјата во октомври 2023 година.

To top