Свет

Нетанјаху: Ќе ослободиме уште заложници со офанзива

„Фернандо и Луис, добредојдовте дома. Им честитам на нашите храбри борци за храбрата акција што доведе до нивно ослободување. Само континуираниот воен притисок може да доведе до ослободување на сите наши заложници“, напиша Нетанјаху на X.

Нетанјаху: Ќе ослободиме уште заложници со офанзива

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да пропушти никаква можност да ослободи уште заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа, додавајќи дека израелската армија ќе продолжи со офанзивата до „конечната победа“ над Хамас.

Нетанјаху ова го изјави откако израелските специјални сили ослободија двајца заложници за време на операција во градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Нетанјаху го поздрави ослободувањето на заложниците Фернандо Симон Марман (61) и Норберт Луис Хара (70).

To top