-Имаме несогласување со Американците за потребата да влеземе во Рафа, рече Нетанјаху во Комитетот за надворешни работи и одбрана, објави „Тајмс оф Израел“.
„Не за потребата да се елиминира Хамас, туку за потребата да се влезе во Рафа. Не гледаме начин за воено елиминирање на Хамас без да ги уништиме овие преостанати баталјони. Ние сме решени да го сториме тоа“, рече Нетанјаху.
Тој посочи дека на американскиот претседател во нивниот вчерашен разговор јасно кажал дека Израел е решен да ја заврши елиминацијата на тие баталјони во Рафа.
Нетанјаху додаде дека двајцата лидери се договориле за нов механизам- Американците да ги споделуваат со нив своите идеи за хуманитарна помош и евакуација на цивилите, за што е загрижен и Израел.
Тој нагласи дека Израел мора да ја заврши воената елиминација на Хамас.
-Нема замена за тоа, не можете да го заобиколите, не можете да кажете „ќе уништиме 80 отсто од Хамас“, „ќе уништиме 20 отсто“, бидејќи тие 20 отсто ќе се реорганизираат и повторно ќе го заземат Појасот (Газа) и секако тие ќе претставуваат нова закана за Израел и секако тоа ќе биде и победа за пошироката оска што ни се заканува – иранската оска, рече Нетанјаху.