Свет

Нетанјаху и Кац: Израел ќе даде „цврст одговор“ на огнот на Хезболах за време на примирјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјавија дека нивната земја ќе даде „цврст одговор“ доколку либанската шиитска група Хезболах нападне израелски воени локации.

– Престрелката во областа Хар Дов е „сериозно кршење“ на договорот за прекин на огнот во Либан, рече Нетанјаху.

Претходно денеска, израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич изјави дека Хезболах направил „сериозна грешка“ со пукањето врз Израел и одговорот треба да биде „моќен удар“.

Екстремно десничарскиот министер е член на израелскиот безбедносен кабинет и го поддржа договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах кој стапи на сила на 27 ноември.

To top