„Безумните барања на Хамас водат до заклучок дека палестинските милитанти не се ни заинтересирани за договор“, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Во преговорите, кои се водат со посредство на Катар и Египет, Хамас побара прекинот на огнот да биде увертира за крајот на војната и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, пренесуваат британските медиуми.
Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се наведува дека Израел ја исклучува таквата можност, бидејќи одлучил да го уништи Хамас, а се додава дека ќе продолжат напорите за демонтира на оваа палестинска милитантна организација.