Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во Појасот Газа.
Во синоќешното интервју за Би-Би-Си, Макрон побара од Израел да престане со бомбардирање и убивање цивили на палестинска територија.
-Хамас сноси „одговорност за каква било штета нанесена врз цивилите“, одговори Нетанјаху.
Тој потсети дека палестинското исламистичко движење ја започна војната, убивајќи луѓе во Израел на 7 октомври и го обвини дека користи цивили како „човечки штит“. (МИА)