Во разговорот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен израелскиот премиер кажа дека нема начин да се победи исламистичкото движење Хамас без да влезе во Рафа.
-Ми кажав дека се надевам дека ќе го направиме тоа со поддршка на САД, но ако треба – ќе го направиме тоа и сами, рече Нетанјаху.
Блинкен пристигна во Израел како дел од интензивните дипломатски напори во текот не неговата нова турнеја низ регионот на Блискиот Исток за да се постигне „траен и непосреден прекин на огнот“ во Газа и да се спречи израелска офанзива во Рафа, пренесуваат британските медиуми.
САД се противат на офанзивата, но Израел тврди дека е неопходна за да се искорени Хамас.