Непознати лица од Украина упатија смртни закани до унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарти, пред неговото патување во Ужхород, на средба со неговиот украински голега, Дмитро Кулеба.
И покрај тоа, Сијарто на новинарите во Брисел им кажа дека има намера да разговара со својот украински колега како што е планирано на 29 јануари.
Сијарто изјави дека добил смртни закани од украински извори преку унгарската амбасада во Киев.
Тој оцени дека целта на заканата е да се фрли сенка на неговата средба со Кулеба, која беше планирана за следниот понеделник и да се спречи таа да се одржи, пренесуваат агенциите.
-Украинските власти дадоа гаранции дека безбедносните мерки ќе бидат засилени за да се осигура дека средбата може да се одржи, рече Сијарто.
Се очекува на разговорот меѓу Сијарто и Кулеба да присуствува и шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андреј Јермак.
Една од темите ќе биде и подготовката на средбата меѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски.