Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, е хоспитализирана во Луксембург откако се здобила со повреда, соопшти нејзина канцеларија денеска.
Пелоси (84) моментално е на лекување и со нетрпение очекува наскоро да се врати во САД, се додава во соопштението што го пренесува ДПА.
Засега не се соопштува за каква повреда се работи.
Пелоси беше во Луксембург со конгресна делегација.
Демократката во моментов е конгресменка во Домот и сè уште се смета за една од највлијателните политичарки во нејзината партија.