Белата куќа денеска соопшти дека не гледа знаци дека Москва е подготвена да употреби нуклеарно оружје во Украина, откако претседателот Владимир Путин рече дека е подготвен да го распореди тој вид оружје доколку суверенитетот на Русија биде загрозен.
„Не видовме никакви причини да ја прилагодиме нашата сопствена нуклеарна положба, ниту, пак, индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина“, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер, на новинарите на прашањето за коментарите на Путин.