Свет вредноста на фетвите зависи од самиот исламскиот правник

Нема да има промени во иранската нуклеарна доктрина, вели шефот на иранската дипломатија

Западните земји со години го обвинуваат Техеран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје, независно посочениот декрет. Иранските власти пак категорично тврдат дека нуклеарната програма е исклучиво мирнодопска, односно само за цивилни цели.

Нема да има промени во иранската нуклеарна доктрина, вели шефот на иранската дипломатија

Иранската позиција да не разработува нуклеарно оружје веројатно нема значајно да се промени. Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, кој уште истакна дека новиот врховен лидер се уште не ја изразил јавно својата позиција по прашањето.

Поранешниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи кој загина уште на почетокот на американско-израелските напади врз Иран, уште во 2000 година со фетва или верски декрет се изјасни против активности за разработка на оружје за масовно уништување.

Западните земји со години го обвинуваат Техеран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје, независно посочениот декрет. Иранските власти пак категорично тврдат дека нуклеарната програма е исклучиво мирнодопска, односно само за цивилни цели.

Арагчи посочи дека вредноста на фетвите зависи од самиот исламскиот правник што ги издава таквите декрети, како и оти засега не може да ги процени правните или политичките ставови на Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран.  (МИА)

To top